Во регионот има околу 27 милиони луѓе кои страдаат од глад, а тој број може да се зголеми на 38 милиони до јуни, што е зголемување за 40 отсто во однос на минатата година и историски максимум, се вели во заедничката изјава на 11 меѓународни хуманитарни организации.
Големи делови од Западна Африка, вклучително и делови од Буркина Фасо, Мали, Нигер и Нигерија, се соочуваат со исламистички бунтови што протераа милиони луѓе од нивните земји. Заедно со Чад, ова се земјите кои се најпогодени од глад.
Регионот се соочува и со големи поплави и суши поради влијанието на климатските промени, што им ја отежнува работата на земјоделците. Производството на житни култури во 2021/2022 година година падна за 39 отсто во однос на претходната година во Нигер, додека пад од 15 отсто е забележан во Мали.
Глобалните цени на храната пораснаа, а трговијата е нарушена поради руската инвазија на Украина. Негативно влијание имаше и затворањето на границите поради ковид-19. Шест западноафрикански земји 30 до 50 отсто од пченицата ја увезуваат од Русија и Украина, според податоците на Организацијата за храна и земјоделство при ОН (ФАО).






