„И тоа е тоа, што да правиме? Јас сум на другата страна, што би се рекло, ние претставуваме друг политички субјект, друг свет, друго сфаќање на политиката, друга визија“, кажа Абазовиќ за ХРТ.
Тој тоа го кажа одговарајќи на прашањето колкаво е влијанието на Вучиќ врз настаните во Црна Гора.
Просрпскиот Демократски фронт нема да влезе во владата, смета Абазовиќ, бидејќи проценува дека е добро во овој момент оние структури кои „имаат малку нарушен меѓународен углед, или создаваат одреден проблем општеството целосно да се помири, да останат надвор од структурите на власта“.






