недела, 29 март 2026

20 години затвор за секој Русин што ќе ѝ помогне на Украина

Објавено на

часот

Сподели

Во меѓувреме, корисниците на интернет низ цела Русија пријавуваат проблеми при пристапот до мрежите како Јутјуб и Твитер без помош од ВПН, објави руската телевизија Дожд.

Руската организација што ги следи протестите ОВД-инфо веќе изброи најмалку 2.114 апсења на антивоените протести што денеска се одржаа во Русија. Од уапсените, 900 се во Москва, а 500 од Санкт Петербург.

Од 24 февруари досега вкупно се уапсени над 5.000 руски граѓани.

Активистката на Пуси рајот Марија Аљохина тукушто беше уапсена во Москва и е обвинета за „непослушност кон законските барања на полицијата“.

Рускиот федерален цензор ја блокираше веб-страницата на украинската влада поставена за да им помогне на руските семејства да ги идентификуваат убиените и заробените војници.

Роскомнадзор денеска ја додаде веб-страницата „Ишчи свајих“ („Побарајте ги своите“) на својата листа на забранети страници, по инструкции од Канцеларијата на јавниот обвинител, пренесува Нет фридомс проџект.

Руската филмска ѕвезда Данила Козловски денеска директно апелираше до Путин на Инстаграм. „Господине претседателе, само вие можете да ја запрете оваа страшна катастрофа“, напиша тој. „Цивили умираат. Проектили ги погодуваат домовите“.

Други руски познати личности што му се обратија на Путин се оперската пејачка Ана Нетребко, актерката Марија Миронова и писателот Владимир Сорокин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ