Одлуката на министерот се заснова на наодите што му ги доставила истражната комисија формирана од Министерството, пренесоа грчките медиуми.
Комисијата утврдила дека „Атики одос“ и „Атикес дијадром“, кои имаат концесија за автопатот, не ги спровеле правилата од своите прирачници за чистење снег, ниту нивните раководители барале автопатот да се затвори иако бил завеан, а потоа луѓето затрупани во стотиците возила ги евакуирала војската.
Секоја компанија е казнета со по 1 милион евра.
Ваквиот став на Комисијата се темели на снимките од сообраќајните камери на тој високотехнолошки опремен пат и на снимките од разговорите на операторите на Центарот за управување со сообраќајот на атинскиот автопат „Атики одос“, кои покажале небрежност.






