Во соопштението излевањето се опишува како „многу ретка појава“. Но една еколошка групација го оспорува ова и тврди дека станува збор за незаконско испуштање на повеќе од 100.000 несакани риби. Францускиот разгранок на непрофитната организација „Си шеперд“ беше првиот што објави фотографии од испуштањето, на кои се гледа површината на океанот покриена со дебел слој од бакалари, кои се користат за масовно производство на рибини стапчиња, рибино масло и брашно.
Француски „Си шеперд“ соопшти дека не верува дека инцидентот бил случаен, туку дека тоа е обид со мрежата да се испушти видот риба што не се сака да се обработува, практика позната како пропратен улов, но забранета според правилата за риболов на ЕУ.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=iU5KzfWC4uU autoplay:0]Ламја Есемлали, раководител на разгранокот на организацијата во Франција, изјави за Ројтерс дека верува дека рибата била намерно пуштена. Си шеперд соопшти дека биле пуштени повеќе од 100.000 риби. Француската министерка за поморска политика Аник Жирарден ги опиша фотографиите на мртвите риби како „шокантни“ и рече дека побарала од националното тело за контрола на рибарството да покрене истрага за случајот.
Бродовите како Маргирис користат влечни мрежи подолги од еден километар и ги преработуваат рибите во фабрики на бродот, практика што е жестоко критикувана од еколозите. Маргирис беше принуден да ги напушти австралиските води во 2012 година по протестите на еколошките активисти.
Податоците за сообраќајот во петокот покажаа дека бродот, кој е во сопственост на холандската компанија Парлвилет & Ван дер Плас и плови под знамето на Литванија, сè уште лови по францускиот брег.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=0Le8LZYfLiw autoplay:0]





