понеделник, 6 април 2026

Венс: Мировниот план мора да го зачува украинскиот суверенитет

Мировниот план за завршување на војната во Украина мора да го зачува украинскиот суверенитет, изјави потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп му даде рок на Киев до четврток да одговори на неговиот последен мировен план за Украина, кој ги изненади европските земји. Според американскиот план, од Киев би се очекувало да направи големи отстапки, вклучително и повлекување од делови од источна Украина што Русија не ги освоила, намалување на својата војска и откажување од членството во НАТО.

Венс во објава на социјалната платформа Икс рече дека секој план мора да „го запре убивањето, а воедно да го зачува украинскиот суверенитет“ и да биде прифатлив и за Русија и за Украина. „Планот мора да обезбеди, во најголема можна мера, дека војната нема повторно да избувне“, напиша тој.

„Секоја критика на мировната рамка на која работи администрацијата доаѓа од луѓе кои или погрешно ја разбираат рамката или погрешно ја толкуваат реалноста на терен“, додаде Венс.

„Според едно мечтаење, ако само дадевме повеќе пари, повеќе оружје или повеќе санкции, победата би била на дофат. Мирот нема да го постигнат неуспешни дипломати или политичари кои живеат во свет на бајки. Може да го постигнат паметни луѓе кои живеат во реалниот свет“, тврди тој.

На украинскиот претседател Володимир Зеленски му беше презентиран планот во четврток. Тој вчера изјави дека планот ја соочува Украина „со многу тежок избор: или да го изгуби достоинството или да ризикува да изгуби клучен партнер“, што се однесува на Соединетите Американски Држави.

Рускиот претседател Владимир Путин го поздрави планот, велејќи дека документот од 28 точки може да биде „основа за конечно мирново решение“. Во меѓувреме, германскиот канцелар Фридрих Мерц и други европски лидери ќе се сретнат на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург за кризни разговори за можниот одговор.

Лидерите на Франција, Италија и Обединетото Кралство се некои од оние што се очекуваат на денешниот состанок, на кој ќе присуствува и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, која го најави состанокот на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ