Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп претходно на прес-конференција изјави дека таа положила заклетва да стане претседателка.
Родригез зборуваше на државната телевизија од Каракас заедно со својот брат – претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабела и министрите за надворешни работи и одбрана.
Родригез повика на смиреност и единство со цел да се одбрани земјата поради „киднапирањето“ на Мадуро и порача дека Венецуела никогаш нема да биде колонија на ниедна држава.






