петок, 13 март 2026

Венецуела неограничено ќе ѝ испраќа санкционирана нафта на Америка

Венецуела на Соединетите Американски Држави ќе им ја испорачува својата санкционирана нафта на неопределено време, открија денес извори блиски до Белата куќа, пишува Си-ен-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Оваа вест доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека Венецуела ќе испорача почетна транша од 30 до 50 милиони барели нафта кои ќе се продаваат по пазарни цени.

„Тие пари ќе ги контролирам јас, како претседател на Соединетите Американски Држави, за да се осигурам дека се користат во корист на народот на Венецуела и на САД“, рече Трамп преку социјалните медиуми.

Според изворите, 50 милиони барели е само првата пратка, а испораките ќе продолжат на неопределено време. Американските санкции против Венецуела ќе бидат селективно укинати со цел да се олесни транспортот и продажбата на нафта на светските пазари. Приходите од продажбата ќе бидат депонирани на сметки контролирани од САД, а парите ќе ѝ бидат вратени во Венецуела по дискреционо право на американската страна.

Планот подоцна го потврди министерот за енергетика Крис Рајт на конференција организирана од Голдман Сакс во среда во Мајами.

„Ќе пуштиме сирова нафта на пазарот која доаѓа од Венецуела“, кажа Рајт. „Прво оваа преостаната, складирана нафта, а потоа на неодредено време, во иднина, ќе го продаваме производството кое доаѓа од Венецуела на пазарот“.

Санкцираната венецуелска нафта главно заврши во Кина, но сега ќе биде пренасочена кон САД. Трамп појасни дека бродовите за складирање ќе ја транспортираат нафтата директно до американските пристаништа.

Венецуела, една од основачките членки на ОПЕК, има најголеми докажани резерви на сирова нафта во светот, но во моментов произведува само околу 800.000 барели дневно, според фирмата за енергетски консалтинг Кплер. За споредба, САД во моментов произведуваат околу 13,8 милиони барели дневно.

Трамп јасно стави до знаење дека американските инвестиции во венецуелскиот нафтен сектор се клучната цел на воената акција во која беше заробен претседателот Николас Мадуро минатата сабота. Тој ги повика големите американски нафтени компании да ја обноват енергетската инфраструктура на јужноамериканската земја, од бунари до цевководи, иако компаниите сè уште не одговориле.

Министерот Рајт треба да се сретне со директорите на нафтените компании токму на тема Венецуела на конференција во Мајами. „Секретарот Рајт останува во близок контакт со американските нафтени компании и планира да се сретне со неколку од нив на енергетската конференција на Голдман Сакс во Мајами во среда“, потврди портпарол на Министерството за енергетика за Си-ен-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ