понеделник, 19 мај 2025

Ватикан: Папата има воспаление на двете белодробни крила, но добро е расположен

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско (88) има билатерална пневмонија и „сложена“ клиничка слика, но добро е расположен, објави Ватикан во новиот медицински билтен, на петтиот ден од неговата хоспитализација.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Рентгенот на градниот кош што го изврши Светиот отец покажа почеток на воспаление на двете белодробни крила, за што е потребен дополнителен третман со лекови. Папата Франциско сепак е во добро расположение“, се вели во соопштението на Ватикан.

Папата во петокот беше примен во болница поради инфекција поврзана со бронхитис и тогаш примаше терапија антибиотици на база на кортизон, но сега терапијата е посложена, додаде Ватикан.

„Лабораториските анализи, рендгенските снимки на градниот кош и клиничката состојба на Светиот отец продолжуваат да претставуваат сложена слика“, соопшти Ватикан, додавајќи дека папата се одмара, се моли и чита.

„Тој ви се заблагодарува за загриженоста што ја изразувате во овој период и ве замолува, со благодарно срце, да продолжите да се молите за него“, се вели во соопштението на Ватикан.

И покрај здравствените проблеми во последниве години – проблеми со колковите, болки во коленото кои бараат од него да користи инвалидска количка, операции, респираторни инфекции – папата – Аргентинецот Хорхе Бергољо одржува брзо темпо во Ватикан, на големо незадоволство на своите лекари кои постојано му велат да забави.

Неговата хоспитализација, четврта за помалку од четири години, повторно покрена прашања за неговото здравје и способноста да ги извршува обврските.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ