вторник, 13 мај 2025

Ватикан: На погребот на папата 50 шефови на држави и десет монарси

Околу 50 шефови на држави и десет владејачки монарси досега го потврдија своето присуство на погребот на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, кој ќе се одржи в сабота на плоштадот Свети Петар во Рим, соопшти денеска Ватикан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Досега е потврдено присуство на 130 (странски) делегации на погребот на папата Франциско“, се вели во соопштението.

На погребот, меѓу другите, ќе присуствуваат американскиот претседател Доналд Трамп со сопругата Меланија, францускиот претседател Емануел Макрон, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, полскиот претседател Анджеј Дуда, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, украинскиот претседател Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер и принцот Вилијам, како и кралот и кралицата на Шпанија, додаде Ватикан.

Еден од најреформистичките водачи на Римокатоличката црква, папата Франциско, почина во понеделникот на 21 април. Тој имаше 88 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ