вторник, 24 март 2026

Ватикан: На католиците може да им се пресадуваат животински органи

Ватикан денес објави дека на католиците може да им се трансплантираат животински органи и ткива за лекување на медицински состојби, бидејќи процедурите кои вклучуваат генетски модифицирани органи од свињи или крави продолжуваат да се развиваат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во документ од 88 страници со етички упатства за вакви трансплантации, Ватикан го потврди претходното учење и порача дека Католичката црква нема забелешки за ваквите третмани, под услов да се следат најдобрите медицински практики и животните да не се третираат сурово.

„Католичката теологија нема забрани, врз основа на религиозни или ритуални причини, за употреба на кое било животно како извор на органи, ткива или клетки за трансплантација кај луѓето“, се наведува во документот.

Документот се занимава со прашањето на ксенотрансплантација, односно трансплантација на органи или ткива од еден вид на друг. Ватикан првпат ги одобри ваквите процедури во 2001 година, кога тие беа во многу рана фаза на развој. Трансплантацијата на животински органи кај луѓе е сè уште ретка. Првата трансплантација на бубрег од свиња на човек беше извршена во Соединетите Американски Држави во 2024 година.

Документот на Ватикан, изготвен со помош на лекари од Италија, САД и Холандија, ги повикува научниците да продолжат со трансплантација на животински органи на „таргетиран, пропорционален и одржлив“ начин.

Документот ги повикува лекарите и да ги откријат ризиците од таквата трансплантација, како што се веројатноста дека имунолошкиот систем на пациентот ќе го отфрли органот на животното и можноста за предизвикување инфекција од микроорганизми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ