Тоа е најновата мерка против вакцините на американскиот министер за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, познат по своите изјави со кои се доведуваат во прашање достигнувањата на медицинската наука.
Договорот, објавен три дена пред враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа на 20 јануари, требаше да го забрза развојот на мРНК вакцина против вирусот на птичји грип Х5Н1, кој циркулира кај кравите и птиците.
Експертите предупредија на ризикот од ширење на вирусот кај луѓето и дека е можна пандемија.
Модерна вчера објави дека Министерството за здравство на САД откажало субвенции од 590 милиони долари, а во исто време презентирало позитивни резултати од клиничките испитувања спроведени на 300 лица.
„Иако прекинот на финансирањето од страна на Министерството за здравство додава неизвесност, ние сме задоволни од силниот имунолошки одговор забележан во оваа анализа“, изјави извршниот директор на Модерна, Стефан Бансел.
Лабораторијата ќе ги истражи „можните алтернативи“ за финансирање на развојот и производството на вакцината, се додава во соопштението.
Соединетите Американски Држави го пријавија првиот смртен случај меѓу луѓе поврзан со птичји грип на почетокот на јануари. Маж на возраст од 60 години почина во јужната американска држава Луизијана откако се заразил со вирусот Х5Н1.