вторник, 13 мај 2025

Ван Дам до Путин: Сакам да дојдам во Русија како амбасадор на мирот (ВИДЕО)

Холивудскиот акциски глумец Жан Клод Ван Дам (64) му порача на рускиот претседател Владимир Путин дека сака да отиде во Русија како „амбасадор на мирот“ во видео објавено на Телеграм.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимката која ја објави проруска новинарка од Украина Вам Дам вели дека би му била чест да преземе таква улога. Обраќајќи му се директно на рускиот претседател, тој кажа: „Сака да дојдам во Русија. Ќе се обидам да го направам тоа како што вие сакате, да бидам амбасадор на мирот“.

Ван Дам во 2007 година беше снимен со Путин на боречки настан во Санкт Петербург. Тој беше во публиката со Путин и во 2010 на ММА настан во Сочи. Белгиецот и поранешен бодибилдер ја дели љубовта кон боречките спортови со рускиот претседател, кој има црн појас во џудо и се познаваат со години.

Холивудскиот глумец на снимката ветува дека ќе зборува „само за мирот, спортот и среќата“, а не за политиката. Тој кажа дека го сака Путин и на крајот на снимката му испраќа голем бакнеж.

Ван Дам неодамна во Романија беше обвинет дека имал сексуални односи со жени кои биле жртви на трговија со луѓе. Кривичната пријава ја поднесе романското обвинителство за борба против организираниот криминал и тероризмот (ДИИКОТ).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ