„Потребна е посебна седница поради значењето и итноста на ситуацијата, особено поради веродостојните извештаи за алармантно насилство, насилни пресметки со демонстрантите и кршење на човековите права низ целата земја“, се наведува во писмото што го напишал амбасадорот на Исланд, Ејнар Гунарсон, од името на група земји меѓу кои се Германија и Обединетото Кралство.
Советот на Обединетите нации потврди дека специјалната седница ќе се одржи в петок, додавајќи дека досега 21 држава го поддржале овој предлог.
Организацијата Хјуман рајтс воч ги осуди масовните незаконски ликвидации и побара постојната истрага на ОН, која започна во 2022 година по претходните бранови протести, да ги испита смртните случаи и да добие дополнително финансирање за таа цел.
Иранската мисија не одговорила на барањето за коментар.
Дипломати изјавиле дека Иран испратил деманти до дипломатските мисии во врска со обвинувањата за репресија, тврдејќи дека судирите настанале по оружени напади врз безбедносните сили.
„Седницата ќе биде порака до иранските власти дека крвопролевањето и задушувањето на критичките гласови мора да престанат, дека тие се под надзор“, изјавил за Ројтерс Глен Пејот од коалицијата невладини организации што се занимаваат со Иран.
Тој додал дека седницата ќе биде и можност државите да покажат глобална поддршка за правата на сите Иранци мирно да протестираат и нивниот глас да се слушне без страв од одмазда или насилство.






