понеделник, 15 декември 2025

Ужас во Мичиген: Напад со нож во супермаркет, 11 лица хоспитализирани (ВИДЕО)

Најмалку 11 лица се хоспитализирани по напад со нож во супермаркет на Волмарт во градот Траверс во американската сојузна држава Мичиген, соопшти денеска полицијата во тој град.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Осомничениот за нападот е уапсен, пренесува Фокс њуз.

Шерифот на округот Гранд Траверс, Мајкл Ши, изјави дека 42-годишен маж, дејствувајќи сам, влегол во продавница во Траверс и употребил нож на преклопување за да избоде околу десетина луѓе.

Осомничениот, чиј идентитет властите не го соопштија јавно, бил приведен за неколку минути, граѓаните кои случајно се нашле во Волмарт помогнале да се приведе човекот и да им се помогне на жртвите.

Напаѓачот е американски државјанин од Мичиген и претходно и бил непознат на полицијата. За три минути е уапсен благодарение на брзата реакција на граѓаните.

Болницата Мунсон соопшти дека пет жртви се во сериозна состојба, а шест се во критична состојба.

Гувернерот на Мичиген, Гретчен Витмер, се огласи на социјалните мрежи: „Нашите мисли се со повредените и со целата заедница која се обидува да се справи со овој брутален чин на насилство“.

Волмарт, исто така, издаде соопштение: „Овој вид насилство е неприфатлив. Нашите мисли се со повредените и сме благодарни за брзата интервенција на службите за итни случаи. Тесно соработуваме со властите.“

Траверс е мал град во северниот дел на Мичиген, кој се наоѓа на брегот на заливот Гранд Траверс на езерото Мичиген.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ