петок, 2 мај 2025

Утре во Истанбул нов круг американско-руски преговори

Соединетите Држави и Русија утре во Истанбул ќе одржат нова рунда разговори, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во преговорите ќе бидат вклучени и претставници на министерствата за надворешни работи на двете земји. Песков не прецизираше за кои теми ќе разговараат руската и американската делегација.

Разговорите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја покрена иницијативата за прекин на огнот во Украина, и покрај тоа што Русија продолжува да ги бомбардира украинските градови со беспилотни летала и проектили.

Претходните два јавни состаноци меѓу руските и американските претставници се одржаа во март во Саудиска Арабија. Претходно овој месец, рускиот преговарач Кирил Дмитриев пристигна во Вашингтон за да разговара со американски официјални претставници од име на рускиот претседател Владимир Путин и се состана со Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот Трамп за Блискиот Исток, во Белата куќа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ