недела, 14 декември 2025

Утре во Хаг почнува одбраната на Тачи од обвиненијата за воени злосторства на Косово и во Албанија

Поранешниот лидер на таканаречена УЧК Хашим Тачи утре ќе ја почне својата одбрана против обвинувањата за воени злосторства во Косово и Албанија од 1998-99 година, пред специјалниот суд во Хаг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заедно со Тачи за злосторства против Албанци, прогласени за „соработници“, Срби и Роми во повеќе од 40 притворени лица од страна на ОВК обвинети се и Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи. Сите обвинети биле водечки членови на Главниот штаб на УЧК и самопрогласената Привремена влада на Косово.

Одбраната на Тачи претходно објави дека има намера да изведе 12 сведоци пред судиите.

Покрај Тачи, сведоци на одбраната, петмина, ќе бидат изведени на суд само од четвртиот обвинет, Красниќ.

Второбвинетиот, Весељи, и третиот обвинет, Сељими, одлучија да не се бранат, бидејќи нивните адвокати на одбраната проценија дека обвинителите не докажале дека се виновни.

Адвокатот на Тачи, Лука Мишетиќ, на претходна седница прецизираше дека дури девет сведоци на одбраната ќе бидат поранешни меѓународни функционери и претставници на Косово во периодот опфатен со обвинението.

Според документот доставен до судот во 2022 година, пред почетокот на судењето, од страна на адвокатот на Тачи, Грег Кихо, американскиот генерал Весли Кларк, кој командуваше со нападот на НАТО врз СР Југославија, би можел да сведочи во одбрана на поранешниот лидер на УЧК; поранешниот шеф на УНМИК, Бернар Кушнер,како  и поранешниот шеф на мониторинг мисијата на ОБСЕ во Косово  Вилијам Вокер.

Во 2022 година, одбраната на Тачи ги спомена и поранешниот шеф на мисијата на ОБСЕ во Косово Ден Евертс, како свои сведоци; политичкиот советник на Кларк, Мајкл Дурки; првиот заменик-шеф на УНМИК, Џок Кови, и службеникот на ОБСЕ, Стив Бенет.

Судењето на Тачи и другите обвинети почна пред судот во Хаг на 3 април 2023 година, а обвинителите ја завршија својата доказна постапка на 15 април оваа година.

Во судницата во Хаг сведочеа 125 сведоци на обвинителството, а обвинителите ги презентираа изјавите на десетици други сведоци како докази во писмена форма.

Доказниот материјал на обвинителството се состои од 3.000 документи на албански, српски и англиски јазик.

Во процесот учествуваат повеќе од 150 жртви, кои, според судските правила, имаат право на отштета, доколку обвинетите се прогласат за виновни на крајот од процесот.

Обвинението од 10 точки ги товари Тачи (56), Весељи (57), Сељими (53) и Красниќи (74) за: прогон врз политичка и етничка основа, затворање, нелегално апсење и притворање, други нехумани дела, суров третман, присилно исчезнување, тортура (две точки) и убиство (две точки).

Според обвинението, припадниците на УЧК под команда на обвинетите ги извршиле горенаведените злосторства против Албанци, прогласени за „соработници“, Срби и Роми во 42 нелегални центри за притвор на УЧК во Косово и Албанија.

Членовите на УЧК извршиле злосторства против приближно 407 притвореници, од кои најмалку 102 биле убиени, од март 1998 до септември 1999 година, се наведува во обвинението.

Во обвинението се идентификувани 75 жртви – 51 Србин, 23 Албанци и еден Ром.

Шест точки од обвинението ги обвинуваат Тачи, Весељи, Сељими и Красниќи за злосторства против човештвото и четири точки за воени злосторства.

Според обвинението, Тачи, Весељи, Сељими и Красниќи биле соучесници во заеднички злосторнички потфат.

Целта на тој злосторнички потфат била да се преземе контрола врз цело Косово со насилство врз сите што УЧК ги сметала за „непријатели“.

Офицерите на ОВК, Азем Суља, Љах Брахимај, Фатмир Љимај, Сујелман Сељими, Рустем Мустафа, Шукри Буја, Љатиф Гаши и Сабит Геци, се исто така наведени како соучесници во злосторничкото здружение.

Сите обвинети се изјаснија за невини. Тие се притворени во Хаг од нивното апсење во Косово во ноември 2020 година.

Специјализираните совети на Косово, како што официјално се нарекува судот, беа основани во 2015 година од страна на Собранието на Косово под меѓународен притисок предизвикан од извештајот на известувачот на Советот на Европа, Дик Марти, за злосторствата на УЧК во Косово и Албанија, објавен во 2011 година.

Судот формално е дел од судскиот систем на Косово, но работи во Хаг. Во пресудите и другите документи, судот утврди дека постои постојана клима на заплашување и малтретирање на сведоци против обвинети членови на поранешната УЧК во Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ