вторник, 15 јули 2025

Ушаков: Средбата меѓу Путин и Трамп можеби нема да се случи во 2025 година

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп можеби нема да се одржи оваа година, изјави советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп мора внимателно да се подготви и дека се потребни резултати за кои може да се разговара на нивно ниво, пренесува РИА Новости.

Ушаков во емисијата „Москва. Кремљ. Путин“ на ТВ каналот „Русија 1“ за подготовките за средбата меѓу Путин и Трамп изјави дека нема конкретни договори и нема потврда дека самитот ќе се одржи во 2025 година.

Официјалниот претставник на Кремљ додаде дека телефонските разговори меѓу двајцата лидери се корисни и веќе даваат одредени резултати.

Путин го повика Трамп на 19 мај, а разговорите траеле повеќе од два часа, наведува агенцијата.

Како што изјави рускиот лидер по разговорите, Москва е подготвена да работи на меморандум со Киев, вклучително и прекин на огнот.

Тоа беше трет разговор меѓу двајцата претседатели откако Трамп ја презеде функцијата, првиот пат комуницираа на 12 февруари, а вториот пат на 18 март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ