недела, 14 декември 2025

Урсула фон дер Лаен по нападот врз Киев: Путин мора да седне на преговарачка маса

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, објави на социјалната мрежа Икс дека разговарала со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а потоа и со американскиот претседател Доналд Трамп по масовниот напад врз Киев во текот на ноќта.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Според украинските власти, загинале најмалку 18 лица, оштетена е и зградата на Делегацијата на ЕУ.

Шефицата на Европската комисија не откри што ѝ рекол Трамп, а сè уште се чека изјава од американскиот претседател.

„Путин мора да седне на преговарачката маса“, изјави таа.

„Мораме да обезбедиме праведен и траен мир за Украина со цврсти и веродостојни безбедносни гаранции што ќе ја претворат земјата во челичен еж. Европа ќе ја одигра својата целосна улога.“

Претседателката на Европската комисија најави и нови санкции против Русија, по синоќешниот руски напад врз Киев. „Овој напад покажува дека Кремљ нема да запре пред ништо за да ја тероризира Украина, неселективно убивајќи цивили – мажи, жени и деца – па дури и напади кон Европската Унија“, се вели во соопштението на фон дер Лаен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ