петок, 27 март 2026

УНИЦЕФ: Поради израелските напади протерани се 370.000 деца во Либан

Повеќе од 370.000 деца во Либан биле принудени да ги напуштат своите домови за само три недели од почетокот на засилените израелски напади и издавањето на наредбите за масовна евакуација, објавија денес Обединетите нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања на населението во историјата на таа земја, истакнаа претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за заштита на децата.

Израел почна жестоки воздушни напади и копнена офанзива против Либан тврдејќи дека Хезболах, милитантно движење од земјата, го нападнал Израел како одговор на неговиот напад врз Иран.

Израелските сили им наредија на Либанците да ги напуштат своите домови во област која опфаќа околу 15 проценти од територијата на земјата, вклучувајќи го целиот југ.

Претставникот на УНИЦЕФ во Либан Марколуиџи Корси нагласи дека обемот на раселување е „вџашувачки“, со 19 илјади деца приморани да ги напуштат своите домови секој ден. Многу од нив веќе се раселени по втор или трет пат, по конфликтите во изминатите години.

„Менталната и емоционалната исцрпеност што ги оптоварува децата во Либан е катастрофална“, наведе Корси во соопштението од Бејрут.

„Луѓето повеќе немаат безбедно место каде да одат“, рече тој.

Според податоците на УНИЦЕФ, од почетокот на најновата ескалација, најмалку 121 дете се убиени, додека 399 се ранети.

Многу цивили се соочуваат со небезбедни услови за живот во повеќе од 660 колективни засолништа, претежно сместени во училишта, пишува Ројтерс.

Поради ова, образованието на повеќе од 150 илјади ученици е прекинато, изјави Каролина Линдхолм Билинг, претставничка на УНХЦР, агенцијата за бегалци на ОН, во Либан.

Службениците на ОН предупредија и дека израелските напади погодиле области претходно означени како засолништа и дека наредбите за евакуација често биле испраќани среде ноќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ