недела, 14 декември 2025

УНХЦР: Ризикот од глад е присутен секаде во Појасот Газа

Портпаролот на Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (УНХЦР), Тамин Ал-Хитан, предупреди дека ризикот од глад е голем во Појасот Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој на прес-конференција во вторникот изјави дека ситуацијата е директен резултат на политиката на израелската влада за блокирање на хуманитарната помош, според соопштението на веб-страницата на ОН.

Ал-Китан инсистираше дека во последните недели израелските власти дозволиле помош во количества што се „далеку под она што би било потребно за да се спречи широко распространет глад“.

ОН во понеделникот соопштија дека во окупираната палестинска енклава се пријавуваат смртни случаи поврзани со глад, вклучително и меѓу децата.

„Додека израелската армија ги интензивираше нападите на север од окупираната палестинска енклава, таа продолжи да издава наредби за раселување на Палестинците“, рече Ал-Китан. Тој додаде дека на жителите на Газа им е наредено да се преселат во областа Ал-Маваси, и покрај континуираните воздушни напади и катастрофалните услови во областа.

Според него, стотици илјади Палестинци раселени во Ал-Маваси имаат мал или немаат никаков пристап до основните услуги и залихи, вклучувајќи храна, вода, електрична енергија и шатори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ