недела, 14 декември 2025

УНХЦР: Околу 200.000 сириски бегалци од Либан се вратиле во својата земја во 2025 година

Околу 200.000 сириски бегалци се вратија во својата земја од Либан оваа година, по падот на режимот на Башар ал Асад во декември 2024 година, изјави заменичката на високиот комесар на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Од почетокот на годината, околу 200.000 Сиријци се вратија од Либан, повеќето од нив по сопствена иницијатива“, изјави Кели Клементс по посетата на Сирија.

Таа додаде дека овој број брзо се зголемува и дека се забележува масовно враќање во Хама, Хомс и Алепо.

Високата функционерка нагласи дека УНХЦР не го охрабрува враќањето.

„Тоа е индивидуална одлука што секое семејство мора да ја донесе“, кажа таа.

Либанските власти, кои развија план за нивно постепено враќање, проценуваат дека на нивна територија има повеќе од 1,5 милиони Сиријци, од кои повеќе од 755.000 се регистрирани во Обединетите нации.

Либанскиот план предвидува 100 долари помош за секој бегалец кој сака да замине, како и ослободување од казните за нерегуларен престој.

Кандидатите се обврзуваат да не се враќаат во Либан како баратели на азил.

УНХЦР спроведе план за поддршка на повратниците, од „ситни поправки на куќите“ до финансиска помош и основни потреби.

Кели Клементс кажа дека околу 80 проценти од домовите во Сирија се оштетени, а едно од три семејства има потреба од поддршка за домување.

Вкупниот број на бегалци и внатрешно раселени лица кои се вратиле во Сирија по падот на Асад е два милиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ