петок, 6 март 2026

Унгарија заплени оклопни банкарски возила со милиони долари и злато од Украина (ВИДЕО)

Унгарските власти запленија две оклопни банкарски возила што превезувале голема сума пари и злато на пат од Австрија кон Украина, што предизвика дипломатски спор меѓу Будимпешта и Киев.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Според украинските власти, во возилата се наоѓале околу 40 милиони долари, 35 милиони евра и девет килограми злато, кои биле транспортирани како дел од банкарски трансфер.

Оклопните возила, кои ѝ припаѓале на украинската државна банка Ошчадбанк, биле запрени од унгарските безбедносни служби на унгарска територија. При интервенцијата биле задржани и седумте украински банкарски службеници што го придружувале транспортот.

Украинските власти тврдат дека заплената е незаконска и побараа итно ослободување на службениците, како и враќање на парите и златото.

Инцидентот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Украина и Унгарија, поради низа политички и економски спорови. Меѓу нив се несогласувањата околу европската помош за Украина, правата на унгарското малцинство во Украина и енергетските прашања во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ