понеделник, 8 декември 2025

Унгарија: Србија сè уште е блокирана, а сакаат Украина да ја турнат во ЕУ (ВИДЕО)

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека Будимпешта го поддржува влезот на Србија и се спротивставува на влезот на Украина во Европската унија. „Да за членството на Србија во ЕУ. Не за членството на Украина во ЕУ. Ова е ставот на Унгарија“, кажа Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сијарто денес беше во Србија за да разговара со српските претставници за деталите за тоа како Унгарија ќе ѝ помогне на Србија откако беше прекинато снабдувањето со нафта од Хрватска.

„Она што целосно го поткопува кредибилитетот на проширувањето на ЕУ е тоа што Србија, земја чие пристапување несомнено би придонело за Европа со економски раст и силни резултати, сè уште е блокирано од многу земји од ЕУ.

А потоа има земја во војна, целосно неспособна и неподготвена за членство во ЕУ, каде што машината за корупција работи на највисоко државно ниво, земја чие пристапување очигледно би го уништило буџетот и земјоделството на ЕУ.

И оваа земја, Украина, сакаат да ја турнат во ЕУ, иако членството на Украина би значело само опасност за Унијата. Бидејќи што значи оваа порака? Тоа значи одење во војна, управување со машината за корупција на највисоко државно ниво, а потоа ќе бидете примени во ЕУ“, кажа Сијарто.

Будимпешта продолжува да го блокира отворањето на поглавјата за преговори со Украина од безбедносни и економски причини. Птретходно оваа година, владата спроведе и необврзувачко национално гласање на кое 95 проценти од испитаниците се спротивставија на членството на Украина во Унијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ