понеделник, 26 јануари 2026

Унгарија најави тужба против Брисел поради забраната за увоз на руски гас

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто објави дека Унгарија ќе отвори судска постапка пред Судот на правдата на Европската Унија штом официјално биде објавена одлуката за планот РИпауерЕУ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Унгарија ќе поднесе жалба до Судот на правдата на ЕУ и ние ќе ги искористиме сите правни средства за да ја поништиме оваа одлука“, порача Сијарто во објава на социјалната мрежа Икс, тврдејќи дека планот РИпауерЕУ се базира на „правен трик“.

Според него, мерката санкции била претставена како одлука на трговската политика со цел да се избегне принципот на едногласност, што, според него, е спротивно на правилата на Европската Унија. „Тоа е целосно спротивно на сопствените правила на ЕУ. Договорите се јасни, одлуките за енергетскиот микс се одговорност на земјите-членки“, нагласи Сијарто.

Тој додаде дека забраната за купување нафта и гас од Русија на Унгарија би била спротивна на националните интереси и би довело до значително зголемување на трошоците за енергија за унгарските семејства.

РИпауерЕУ е енергетската стратегија на Европската Унија. Станува збор за стратегиски план усвоен од Европската комисија како одговор на енергетската криза предизвикана од војната во Украина, со цел намалување на зависноста на ЕУ од руските фосилни горива и забрзување на транзицијата кон чиста енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ