вторник, 3 февруари 2026

Унгарија ја тужи ЕУ поради забраната за увоз на руски гас

Унгарија почна постапка пред Европскиот суд на правдата (ЕСП) против одлуката на Европската Унија за забрана на увоз на природен гас од Русија, објави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сијарто го објави ова на социјалната мрежа Икс откако регулативата за постепено укинување на рускиот гас беше објавена во правната база на податоци на ЕУ. И Словачка ја објави својата тужба до судот со седиште во Луксембург.

Унгарскиот министер тврди дека Унгарија и Словачка не требало да бидат надгласани при донесувањето на одлуката на крајот на јануари. Според него, тоа е одлука што која карактеристики на санкции и како таква требало да биде донесена едногласно, пренесува ДПА.

Останатите 27 членки на ЕУ ја третираат забраната за увоз на руски гас како прашање на трговска политика, за што е доволно квалификувано мнозинство, според ДПА.

Во своето соопштение Сијарто истакнува дека европските договори „јасно ставаат до знаење дека секоја земја членка одлучува за своите извори на енергија и добавувачи“.

Тој се повика и на принципот на енергетска солидарност, кој, според него, подразбира безбедност на снабдувањето со енергија за сите земји членки. Тој тврди дека овој принцип е прекршен во случајот со Унгарија, која, како што наведува, има на располагање само поскапи и несигурни алтернативи без увоз на гас од Русија.

Европската Унија донесе одлука според која увозот на руски гас мора да биде запрен до крајот на 2027 година.

Унгарија е многу зависна од овој извор на енергија, а од почетокот на војната Украина не презеде никакви конкретни чекори за да ја намали зависноста од Русија, наведува ДПА, додавајќи дека унгарскиот премиер Виктор Орбан се смета за еден од најблиските сојузници на Кремљ во рамките на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ