понеделник, 8 декември 2025

Унгарија и Словачка подготвуваат тужба до Судот на ЕУ поради забраната за руски нафта и гас од Брисел

Унгарија и Словачка ќе ја оспорат одлуката за забрана на испораки на руска нафта и гас, која Европската комисија има намера да ја стави на гласање следната недела, пред Судот на правдата на Европската Унија, објави денес унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Брисел сака следната недела да ја стави на гласање забраната за увоз на руска нафта и природен гас во Европа, што ќе го оневозможи сигурното снабдување со енергија на нашата земја и Словачка, а исто така ќе доведе до нагло зголемување на цените“, напиша Сијарто на Фејсбук, а пренесува ТАСС.

Тој истакна дека станува збор за „голема правна измама, бидејќи станува збор за санкции, кои можат да се донесат само едногласно“.

Според него, намерата на Европската комисија да прифати мнозинска, а не задолжителната, едногласна одлука за забрана за испорака на нафта и гас од Русија, „целосно е во спротивност со Договорот за Европската Унија“.

Тој исто така потсети дека Договорот за Европската Унија наведува дека „енергетската политика е национална одговорност“.

„Затоа, заедно со владата на Словачка, веднаш по усвојувањето на таа одлука, ќе поднесеме жалба до Европскиот суд на правдата и ќе побараме таа да биде суспендирана до судењето“, кажа Сјарто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ