среда, 10 декември 2025

Унгарија го одби планот на ЕУ, нема да прими ниту еден емигрант

Унгарија нема да го спроведе пактот на Европската Унија за миграции и нема да прими ниту еден мигрант, изјави на редовна прес-конференција Гергели Гулјас, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гулјас наведе дека самитот на ЕУ ќе се одржи во Брисел следната недела, но дека министрите за внатрешни работи и правда веќе донеле одлука за распределбата на мигрантите, што го одредува и бројот и капацитетот за Унгарија, пренесува агенцијата МТИ.

„Сепак, Унгарија нема да го спроведе миграцискиот пакт и нема да прими ниту еден мигрант“, истакна Гулјас.

Враќајќи се од Истанбул, унгарскиот премиер Виктор Орбан им кажа на новинарите во понеделникот дека прашањата поврзани со миграцијата ќе бидат во фокусот на следните унгарски избори, закажани за април 2026 година.

„Дали ќе се спротивставиме и ќе се побуниме против одлуката на Брисел, или унгарските политички партии ќе се потчинат на притисокот од ЕУ, ќе ја прифатат нивната одлука и ќе им дозволат на мигрантите да влезат во Унгарија од Запад“, кажа Орбан, според унгарска новинска агенција.

Неколку часа претходно Орбан објави на Фејсбук дека Унгарија нема да го спроведе миграцискиот договор на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ