„Воведуваме договори за лицата постари од 60 години. Во Врховната рада е регистриран нацрт законот кој го иницирав, а кој на граѓаните постари од 60 години им дава право доброволно да потпишат договори за воена служба“, кажа тој.
Според пратеникот, предлог законот е одговор на јавното мислење дека „многу мотивирани и искусни мажи сакаат да бидат од корист во војната, но моменталните закони ги ограничуваат во тоа“.
Костенко кажа дека предлог законот предвидува можност за потпишување едногодишни договори за лицата постари од 60 години за време на воена состојба со согласност на командантот на единицата. Меѓутоа, за офицерите постари од 60 години ќе биде потребна и дополнителна согласност од Генералштабот.
„Мораме да го искористиме потенцијалот на секој кој е спремен да се бори за победа. Им се заблагодарувам на 36 колеги пратеници кои ја поддржаа иницијативата, како и на јавноста, на претставниците на министерството за одбрана и Генералштабот на учеството во изработката на предлог законот“, додаде Костенко.