среда, 21 јануари 2026

Украинскиот министер за одбрана: Целта е да се убиваат 50.000 Руси месечно

Киев сака „да убива 50.000 Руси месечно“, изјави новиот министер за одбрана Михајло Федоров за време на средбата со новинарите, презентирајќи ги приоритетите на својот мандат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за своите планови во својата нова улога, Федоров рече дека има две клучни цели, од кои првата е управување со системот. „Управувањето мора да се гради околу луѓе кои се способни да постигнат јасно дефинирани цели. Ако некој не покаже мерливи резултати, не може да остане во системот“, кажа тој.

Како втора стратегиска цел тој го наведе зголемувањето на руските загуби/ „Втората стратегиска цел е да се убијат 50.000 Руси месечно“, кажа тој. Тој тврди дека минатиот месец, според украинските податоци, биле убиени 35.000 руски војници и дека овие загуби биле „потврдени со видеа“.

„Ако достигнеме 50.000, ќе видиме што ќе се случи со непријателот. Тие ги гледаат луѓето како ресурс, а недостигот од тој ресурс е веќе видлив“, нагласи тој. Москва и Киев ретко официјално ги објавуваат своите сопствени загуби. Украина проценува дека вкупните руски загуби од почетокот на целосната инвазија надминале 1.200.000 луѓе. Таа бројка ги вклучува мртвите, ранетите и исчезнатите.

И покрај големите загуби, Русија постигна ограничен напредок на фронтовските линии во последните месеци, делумно затоа што успева да ги замени загубите со нови војници по договор. Според украинскиот проект Дипстејт, руските сили окупирале 4.336 квадратни километри украинска територија во 2025 година, што е помалку од 1 процент од површината на земјата.

Од друга страна, Украина се соочува со сè посериозен недостиг на војници, особено во пешадиските единици кои ги држат фронтовските линии.

Украинскиот парламент го назначи Федоров за министер за одбрана на 14 јануари. Пред тоа, тој ја извршуваше функцијата вицепремиер и министер за дигитална трансформација, а на чело на Министерството за одбрана го замени Денис Шмихал, кој ја извршуваше таа функција помалку од шест месеци.

За време на мандатот на Федоров во Министерството за дигитална трансформација, беа започнати бројни проекти, вклучувајќи го и развојот и производството на беспилотни летала.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ