среда, 11 јуни 2025

Украинскиот генерал Залужни: Украина не може да ги врати границите од 2022 година

Украина треба да се откаже од обидите за враќање на своите граници воспоставени со падот на Советскиот Сојуз во 1991 година, па дури и оние од времето кога започна руската инвазија на Украина во 2022 година, изјави поранешниот украински воен командант Валериј Залужни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Залужни, украинскиот амбасадор во Лондон, беше сменет од функцијата врховен командант на војската во февруари 2024 година по повеќемесечни несогласувања со претседателот Володимир Зеленски.

Зеленски и други функционери долго време повикуваат на протерување на руските сили и враќање на постсоветските граници на Украина од 1991 година, вклучувајќи го и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

Но, бидејќи напорите во последните месеци се фокусирани на преговори за прекин на огнот, изјавите на Киев се поумерени по прашањето за територијални отстапки.

„Се надевам дека во оваа просторија нема луѓе кои сè уште се надеваат на некое чудо или среќен знак што ќе донесе мир во Украина во границите од 1991 или 2022 година, или на некоја голема среќа што ќе се случи подоцна“, ги пренесе порталот РБК Украина зборовите на Залужни од форумот во Киев.

„Мое лично мислење е дека непријателот сè уште има ресурси, сили и средства да продолжи да ја гаѓа нашата територија и да се обиде да изврши одредени офанзивни операции“, додаде тој.

Анкетите покажуваат дека Залужни е еден од најпопуларните украински политичари. Анкетите, исто така, покажуваат дека рејтингот на Зеленски се зголемил по судирот со американскиот претседател Доналд Трамп на состанокот во Белата куќа во февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ