сабота, 31 мај 2025

Украински власти: Најмалку 29 лица се повредени во рускиот напад врз Запорожје (ВИДЕО)

Најмалку 29 лица се повредени во руски напад со беспилотно летало врз украинскиот град Запорожје, регионалниот гувернер Иван Федоров ги обвини руските сили за гаѓање цивилни објекти.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Станбени згради, универзитет и инфраструктурен објект беа оштетени“, напиша Федоров утрово на комуникациската платформа Телеграм.

„Во ноќниот напад на непријателот на Запорожје, повредени се 29 лица. Меѓу ранетите има и 13-годишно момче“, додаде Федоров.

Украинското воено воздухопловство забележа дополнителна штета во нападите со беспилотни летала во текот на ноќта во регионите Доњецк и Дњепропетровск.

Воздухопловните сили соопштија дека Русија лансирала околу 150 беспилотни летала, од кои повеќето биле пресретнати од украинската противвоздушна одбрана.

Украина изврши голем напад со беспилотни летала на полуостровот Крим, кој беше анектиран од Русија.

Руските медиуми и локалните жители известија за противвоздушен оган и експлозии во близина на воздухопловните бази, особено околу пристанишниот град Севастопол, каде во текот на ноќта неколку пати се слушале сирени за воздушен напад.

Детали за штетата не беа веднаш достапни. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека пресретнало 121 украински беспилотни летала, вклучувајќи 89 над Крим.

Иако овие бројки не можат да бидат независно потврдени, тие укажуваат на значителен интензитет на нападите од двете страни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ