понеделник, 15 декември 2025

Украински власти: Најмалку 11 лица се ранети во руските ноќни напади

Најмалку 11 лица се ранети во руските напади синоќа во Украина, соопштија властите на повеќе погодени региони.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Дваесет и осум руски беспилотни летала го гаѓаа регионот Виница во централно-западна Украина кога биле погодени индустриски капацитети, изјави на Фејсбук Наталија Заболотна, официјален претставник на локалната воена администрација.

Седум лица се повредени, вклучувајќи двајца кои претрпеа тешки изгореници, рече таа.

Во Харков, на североистокот од земјата, три лица се ранети во руски напад, изјави гувернерот Олег Синегубов.

Во Криви Рог, во источниот регион Дњепропетровск, руските сили извршија „масовен“ напад, објави преку Телеграм гувернерот на тој регион Сергиј Лисак.

Лисак изјави дека Русите го нападнале градот со беспилотни летала и испалиле една ракета, додавајќи дека едно 17-годишно момче е повредено и во сериозна состојба е однесено во болница.

Градоначалникот на Криви Рог, Олександр Вилкул, изјави дека балистичка ракета и 28 беспилотни летала „шахед“ биле истовремено испукани кон градот, уништувајќи индустриски објект.

Русија спроведува речиси секојдневни воздушни напади врз украинските градови како дел од својата офанзива која започна во февруари 2022 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот вети дека Америка ќе испорача дополнителна воена опрема на Киев и ѝ даде на Русија рок од 50 дена да го заврши конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ