Воздушниот простор над овие аеродроми е привремено затворен. Како резултат на нападите со беспилотни летала, одложени се 25 летови. Само на аеродромот во Сочи, одложени се дури 45 летови, и во полетување и во слетување, поради нападите со беспилотни летала.
Патниците претежно остануваат мирни и чекаат откажување на таканаречениот „Ковјор план“.
BREAKING:
Ukraine launches a major drone swarm attack against south-western Russia for the second night in a row pic.twitter.com/FEUUyCC2cj
— Visegrád 24 (@visegrad24) July 24, 2025
Синоќа, Украинците повторно извршија голем напад врз Русија со непознати беспилотни летала, објавува РБЦ-Украина.
Во градот Невиномиск во Ставрополската област, воздушната одбрана собори најмалку 30 дронови за само неколку часа. Сведоците наведуваат дека целта била хемиската фабрика Невиномиски Азот, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.
Освен тоа, во текот на ноќта на 25 јули, експлозии одекнаа во неколку градови во Ростовскиот регион, кој исто така беше цел на напад од непознати дронови.






