Три лица се повредени во напади на руски беспилотни летала во текот на ноќта на југот и југоистокот на Украина, соопштија денеска украинските власти.
Две лица се повредени во регионот Дњепропетровск, изјави гувернерот Сергеј Лисак.
„Силите за воздушна одбрана (ПВО) дејствуваа преку ноќ во Дњепропетровск“, рече тој во апликацијата за пораки Телеграм, додавајќи дека пет беспилотни летала биле соборени над регионот.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата ќе продолжи да го поддржува Киев за да ја обезбеди својата одбрана и да спречи понатамошна агресија. Три лица се повредени во Украина во напад со руски беспилотни летала на југот и југоистокот од земјата, соопштија украинските власти.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека оценката на украинските разузнавачки служби е дека рускиот претседател Владимир Путин и неговото поблиско опкружување немаат намера да ја прекинат војната против Украина.
Зеленски нагласи дека изворите и доверливите разузнавачки информации покажуваат дека Путин не размислува за прекин на војната.
„Нема докази дека сериозно размислуваат за мир или дипломатија. Напротив, има многу докази кои укажуваат дека подготвуваат нови офанзивни операции. Русија смета на продолжена војна. Ова е очигледен знак на непочитување кон сите во светот кои бараат мир и работат на тоа дипломатијата да биде ефективна“, посочи Зеленски.
Велика Британија, Франција, Соединетите Американски Држави и Германија ги укинаа ограничувањата за опсегот на оружјето што го испорачаа на Украина. Ова значи дека Киев сега може да напаѓа позиции на руска територија со оружје со долг дострел, објави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пак, изјави дека руското гранатирање е одговор на нападите на Киев врз цивилни цели, но дека Москва цели само на воени објекти.
Тој, исто така, оцени дека укинувањето на ограничувањата за употреба на оружје со долг дострел претставува опасен потег на Западот и нова ескалација на конфликтот.
Во тој период, НАТО соопшти дека Алијансата ќе продолжи да го поддржува Киев, за да ја обезбеди одбраната на Украина, како и да спречи понатамошна агресија.