Дронот, кој беше соборен по полноќ, „експлодирал и го оштетил помошниот трансформатор“, соопшти нуклеарната централа Курск на Телеграм.
Во пожарот кој бил изгаснат, нема жртви.
Еден од четирите реактори работи со капацитет од 50 отсто поради нападот.
„Нивото на зрачење на индустриската локација на нуклеарната централа Курск и во околината не е променето. Тоа е во нормални граници“, се вели во соопштението на операторот.






