недела, 7 декември 2025

Украински дрон погоди нуклеарна централа во Русија, нема штета

Беспилотно летало погоди разладна кула во нуклеарната централа Нововоронеж откако беше пренасочено со средства за електронско војување, соопшти „Розенергоатом“, руска државна компанија што управува со нуклеарните централи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украински дрон погоди нуклеарна централа во рускиот регион Воронеж во текот на ноќта, соопшти „Розенергоатом“.

Дронот погодил кула за ладење на шестата енергетска единица во нуклеарната централа Нововоронеж откако било пренасочено со средства за електронско војување, соопшти компанијата денеска на Телеграм.

Како резултат на инцидентот, нема штета или повредени, се вели во соопштението. Темна трага остана на местото каде што дронот ја погоди кулата, се додава.

Нападот не влијаеше врз работењето на станицата, при што нивото на зрачење на лице место остана непроменето и одговара на природните нивоа, соопшти „Розенергоатом“.

„Ова е уште еден чин на агресија од страна на украинската војска против руските нуклеарни централи. Претходно, таа се обиде да изврши напади врз главните објекти на нуклеарните централи Курск и Смоленск“, изјави компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ