сабота, 7 март 2026

Украинската војска соопшти дека пресретнала 19 руски ракети и 453 дрона

Украинската противвоздушна одбрана пресретнала 19 ракети и 453 дрона од различни типови во текот на изминатата ноќ, соопшти денеска украинската војска на социјалните мрежи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Девет ракети и 26 ударни беспилотни летала погодиле 22 локации, а остатоци од дронови се пронајдени на пет локации, додаде војската, прецизирајќи дека главни цели на нападите биле Киев, Харков, Житомирската област, Хмелницката област и Чернивечката област.

Од друга страна, руското Министерство за одбрана соопшти дека „пресретнало и уништило“ украински дронови.

Поголем дел од дроновите, вкупно 29, биле соборени над Брјанската област, се наведува во соопштението, при што се додава дека 15 биле соборени над Орловската област, а 11 над Белгородската област.

Руското министерство не пријави евентуална штета предизвикана од тие дронови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ