Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека единиците за специјални операции на армијата, заедно со ракетните сили и артилеријата, ја погодиле фабриката „Атлас“ во Ростовскиот регион, недалеку од источната граница на Украина.
Руското Министерство за одбрана не одговори на барањето на Ројтерс за коментар.
Гувернерот на Ростов, Јуриј Сљусар, вчера изјави дека украинскиот напад со беспилотно летало претходната ноќ предизвикал пожар во „индустриско претпријатие“ во областа Каменскаја во регионот, но не прецизираше за кое претпријатие станува збор.
Тој на Телеграм напиша дека пожарот е изгаснат.