недела, 14 декември 2025

Украинците со дронови нападнаа руски фабрики за авиони и ракети (ВИДЕО)

Украина денес објави дека нејзини дронови погодиле руска фабрика за борбени авиони во Московскиот регион и погон за производство на ракети во Тулскиот регион, предизвикувајќи експлозии и пожари на обете места, пренесува Ројтерс.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Украинската армија на Телеграм изјави дека фабриката за авиони се наоѓа во градот Луховици, околу 135 километри југоисточно од Москва, и дека таму се произведуваат борбени авиони МиГ. Друга цел беше Институтот за дизајн на инструменти, специјализиран за производство на противвоздушни ракети и ракетно-артилериски системи.

„Одбранбените сили продолжуваат да ги преземаат сите мерки за да го поткопаат воениот и економскиот потенцијал на руските окупатори и да ја принудат Русија да ја запре вооружената агресија против Украина“, соопшти украинската војска.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 155 украински дронови биле соборени помеѓу 23 часот во четврток и 7 часот наутро во петок, вклучувајќи 11 што се движеле кон Москва.

Гувернерот на Тулската област, Дмитриј Милјаев, на Телеграм изјави дека едно лице е убиено, друго е повредено во украинскиот напад врз регионот, околу 200 километри јужно од Москва.

Информациите не можеа да се потврдат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ