петок, 19 декември 2025

Украинците случајно убиле пет елитни руски нуркачи во Новоросијски залив

Поморско беспилотно летало управувано од украинската Воена разузнавачка служба (ХУР) експлодирало откако изгубило контакт со контролниот центар. Руски воени нуркачи, кои се обиделе да го заземат, загинале за време на операцијата, пренесува Киев Индипендент.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

За време на операција во Новоросијскиот залив, поморско беспилотно летало изгубило контакт со контролниот центар поради попречување на сигналот и почнало да лебди. Руската команда наредила пет нуркачи да го извлечат дронот за проверка. Украинското воено разузнавање соопшти дека станува збор за елитна единица која поминува низ врвна обука и користи напредна опрема.

„За време на операцијата на украинското поморско беспилотно летало се случи детонација, експлозијата резултираше со елиминација на сите пет елитни руски воени нуркачи“, се вели во соопштението на ХУР.

Точното време на операцијата не е познато. Новоросијск стана главно упориште на руската Црноморска флота по успешните украински напади на Крим, кои ја принудија Москва да ги повлече поголемиот дел од своите поморски сили од полуостровот.

ХУР во соопштението додава дека на 20 август извршиле напад на руски патролен брод во Црното Море, при што загинале пет членови на екипажот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ