„Тешките борби продолжуваат во близина на Сиверск. Руските окупатори имаат значителна предност во човечка сила и опремата и, и покрај значителните загуби, продолжуваат со активните офанзивни операции“, се наведува во соопштението за медиумите. „За да се зачуваат животите на нашите војници и борбената способност на нашите единици, украинските бранители се повлекоа од градот“, додаде украинскиот Генералштаб.
Генералштабот објасни дека руските сили биле во можност да напредуваат благодарение на нивната бројна супериорност и постојаниот притисок од мали напаѓачки групи во тешки временски услови.
Во исто време, украинскиот Генералштаб забележува дека Сиверск останува под огнена контрола на украинските сили. „Окупаторите присутни во градот се нападнати, нивната логистика е прекината. Непријателските единици се блокирани за да се спречи понатамошно напредување“, се тврди во соопштението.
На 22 декември, 7-миот воздушен јуришен корпус објави дека руските сили продолжуваат со обидите за префрлање на персонал преку реката Сиверски Доњец, а ситуацијата во населбата Серебрјанка беше опишана како исклучително тешка.

Според мапата на порталот Дипстејт, Серебрјанка беше под руска контрола на 22 декември, додека Сиверск беше делумно окупиран од руските сили, а поголемиот дел од градот беше во сивата зона.
Со месеци, Сиверск беше една од клучните точки на одбрана во северниот дел од регионот Доњецк, бидејќи се наоѓа на рутата која им го отвора патот на руските сили кон поголемите урбани центри како што се Славјанск и Краматорск. Градот е изложен на постојано артилериско и воздушно бомбардирање од летото, а одбранбените линии се потпираа на природни пречки и утврдени позиции околу реката Сиверски Доњец. Украинските сили долго време го спречуваа рускиот напредок таму, но со зголемениот притисок, исцрпеноста на војниците и недостатокот на ротација, позициите станале сè потешки за одбрана.






