недела, 7 декември 2025

Украинците објавија снимка од убивањето на синот на руски генерал: „Си беше еднаш еден млад поручник“

Украинската воена разузнавачка служба (ГУР) објави видео од нападот во кој е елиминиран рускиот офицер Василиј Марзоев, син на генерал-полковникот Аркадиј Марзоев, обвинет за воени злосторства против цивили во Херсон. Ликвидацијата се случила во Василевскиот округ во Запорошката област, објави Укринформ.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Положбата на операторот на беспилотните летала на руските сили ја откриле борци на единицата за дронови на ГУР за време на воздушно извидување на 15 октомври. Позицијата се наоѓала во близина на селото Плавни на Запорошката фронта.

Откако разузнавачката работа добила прецизни координати, врз целта била фрлена бомба, при што загинале руски војници. „Во времето на нападот, позицијата ја држел рускиот поручник Василиј Марзоев, командант на вод на 108-от Воздушно-десантен полк на 7-мата воздушно-јуришна дивизија на Руската армија“, се вели во соопштението.

Објавените снимки вклучуваат и сцени од самиот напад, во кои, покрај Марзоев, биле убиени и други руски војници. Снимката содржи и фотографија од Василиј Марзоев, придружена со зборовите „си беше еднаш еден млад поручник“.

ГУР забележува дека убиениот офицер е син на генерал-полковникот Аркадиј Марзоев, командант на 18-та комбинирана армија на Јужниот воен округ на Русија.

Безбедносната служба на Украина претходно документирала злосторства извршени од пет високи руски воени офицери, вклучувајќи го и генералот Марзоев.

Тој е обвинет за учество во масовното гранатирање на ослободените области на Херсонскиот регион додека бил командант на 22-от армиски корпус на крајбрежните сили на руската Црноморска флота.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ