„Вчера во 14:31 часот по московско време, режимот во Киев се обиде да изврши ракетен напад врз цивилни објекти длабоко на територијата на Руската Федерација. Непријателот употребил четири американски ракети АТАКМС против градот Воронеж“, соопшти руското Министерство за одбрана во соопштение на социјалната мрежа Телеграм.
Русите тврдат дека со помош на противвоздушните системи С-400 и „панцир“, сите ракети АТАКМС биле соборени и дека немало цивилни жртви. Тие исто така наведуваат дека го идентификувале местото на лансирање во близина на селото Волоска Балаклија во Харковскиот регион и уништиле два лансери АТАКМС користејќи ракети искандер-М.

Вчера украинскиот Генералштаб објави дека Украина успешно нападнала руски воени објекти користејќи тактички ракетни системи АТАКМС. „Ова е значаен настан што ја нагласува непоколебливата посветеност на Украина на својот суверенитет“, порачаа Украинците.
Тие не прецизираа кога е извршен нападот или кои објекти наводно биле погодени. „Употребата на капацитети со долг дострел, како што е АТАКМС, ќе продолжи“, објавија тие.
Во септември, Волстрит џурнал објави дека американскиот претседател Доналд Трамп за време на состанокот со неговиот украински колега Володимир Зеленски кажал дека е подготвен да ги укине ограничувањата за употреба на американско оружје со долг дострел во Киев за напади врз цели на руска територија.






