вторник, 6 мај 2025

Украинците фатиле Русин и го размениле, во Русија беше осуден на 15 години затвор

Воениот суд во источна Русија осуди маж на 15 години затвор во казнена колонија поради доброволно предавање на Вооружените сили на Украина (АФУ), објави денеска руски Комерсант.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Роман Иванишин, кој служел во 39-та гардиска моторизирана бригада на Црвеното знаме, беше прогласен за виновен за предавство, обид за предавство и дезертирање од неговата воена единица. Нему му е одземен и чинот помлад наредник, пренесува Комерсант.

Обвинителството побара 16-годишна затворска казна за Иванишин, а одбраната бараше ослободителна пресуда, инсистирајќи на тоа дека нема докази дека тој ги сторил делата за кои е обвинет. Иванишин се изјасни за невин.

Иванишин, рудар од островот Сахалин на далечниот исток на Русија, бил мобилизиран и распореден со својата единица во регионот Доњецк во источна Украина, пишува Комерсант. Според независниот медиумски проект Окно, откако еднаш неуспешно се обидел да дезертира, успеал во вториот обид на 10 јуни 2023 година, кога се предал на АФУ во близина на селото Степне во регионот Доњецк.

После тоа на интернет се појави видео на кое Иванишин вели дека тој и неговите соборци се против војната, дека не сакаат да војуваат и дека решиле да ги напуштат своите позиции.

Иванишин и 247 други војници беа разменети за украински затвореници на почетокот на јануари 2024 година. Тој беше уапсен по пристигнувањето на Сахалин. Според Комерсант, ова е прва позната пресуда за доброволно предавање на АФУ откако делото беше воведено во Кривичниот законик на Русија во 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ