Зеленски по состанокот со шефот на воената разузнавачка служба на платформата Икс објави дека „Русија ги користи своите можности за сигнално и електронско извидување, како и дел од податоците добиени преку соработка со партнерите на Блискиот Исток“. Во подоцнежното видео обраќање во вечерните часови тој додаде дека има „сè повеќе докази“ за постојани руски напори за проследување разузнавачки информации на Иран.
„Ова е очигледно деструктивна активност и мора да се запре бидејќи води само кон понатамошна дестабилизација. Сите одговорни држави имаат интерес да обезбедат безбедност и да спречат поголеми проблеми“, смета Зеленски.
Кремљ минатата недела го отфрли извештајот на Волстрит џурнал дека Русија споделува сателитски снимки и напредна технологија за беспилотни летала со Иран, нарекувајќи го „лажни вести“.






