понеделник, 15 декември 2025

Украина: Три деца меѓу 23 повредени во рускиот напад со беспилотно летало врз Харков (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку три деца се меѓу 23-те повредени лица во нападот со руски дрон врз вториот по големина град во Украина, Харков, во текот на ноќта, соопштија украинските власти.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во нападот беа оштетени станови и градинка.

Харков, кој се наоѓа во североисточна Украина, во близина на границата со Русија, редовно е цел на напади со руски беспилотни летала и ракетни напади од почетокот на војната што Москва ја започна со целосна инвазија пред повеќе од три години.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека по нападот избувнал пожар во повеќекатница, пренесува Ројтерс.

Олег Синехубов, гувернер на поширокиот регион Харков, чиј административен центар е градот Харков, изјави дека повеќето од повредените се од градската област Шевченковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ