недела, 14 декември 2025

Украина со „дупка“ од 13 милијарди евра, Киев бара замена за парите од САД

Неделата на дипломатија, како што ја нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неговото заминување во Соединетите Американски Држави, е во полн ек. Планирани се речиси дваесет состаноци на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, но една од жешките теми за Западот е дупката во украинскиот буџет за следната година, која изнесува повеќе од 13 милијарди евра.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Подготвуваме нови долгорочни чекори за финансиска стабилност на Украина“, кажа Зеленски, истакнувајќи дека решението се бара во руските средства замрзнати од Западот, кои според него треба да се користат интензивно за одбрана и обнова на земјата.

Украина е во голема мера зависна воено и финансиски од своите западни сојузници. Поради војната, економијата доживеа колапс, а со тоа и даночните приходи. Ситуацијата е дополнително комплицирана од фактот дека САД, некогаш најважниот партнер, сега во голема мера се повлекуваат од финансиската поддршка.

Најголемиот дел од буџетот е планиран за одбрана од Русија, која станува сè поскапа и чини повеќе од 140 милиони евра дневно. Во исто време, се планира и раст на социјалните расходи, особено во секторите на образованието и здравството.

Приоритет им се дава на регионите близу до линијата на фронтот, како што објасни министерот за финансии Сергеј Марченко за украинската телевизија: „Станува збор за засолништа во училиштата. Дури и големите градови веќе се наоѓаат во региони блиску до фронтот. Тие мора да бидат опремени со безбедни засолништа за да се обезбеди настава и училишна работа.“

Во украинскиот парламент пратеникот Дмитро Разумков остро ги критикуваше плановите на владата. Разумков, кој до 2021 година беше член на партијата Слуга на народот на Зеленски и претседател на парламентот, се смета за негов конкурент.

„Се однесуваме како да разговараме за буџет“, вели Разумков: „Буџет кој повторно не е разбирливо пресметан, чии последици ќе ги почувствуваме веќе следната година. На хартија, изгледа како одличен буџет. Но, ако погледнете подетално, се поставува прашањето: Каде се парите за сето тоа?“

Финансискиот експерт Хлиб Вислински од Центарот за економски стратегии смета дека Разумков е популист. Тој истакнува дека пензиите и платите на наставниците и медицинскиот персонал се веќе ниски, а досега тие трошоци ги покриваа западните земји. Вишлински е убеден дека преостанатите 13 милијарди евра можат да се соберат без помош на САД.

Тој не гледа проблем со тоа ЕУ и другите европски земји, како што се Британија и Норвешка, да мобилизираат дополнителни 0,1 отсто од нивниот БДП за да ја пополнат дупката што ја оставија САД. „Особено ако парите доаѓаат од замрзнати руски средства. Ова само значи дека нема да можеме да ги инвестираме тие пари во обнова и дека ќе бидеме посиромашни по војната“, смета Вишлински.

Во Украина стана јасно дека САД повеќе не се сигурен партнер, а поддршката од администрацијата на Доналд Трамп се смета само за бонус на кој не треба да се смета. Вишлински сега ги смета Европејците за одговорни, истакнувајќи дека спасувањето на Украина од банкрот е во интерес на самата Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ