петок, 19 декември 2025

Украина со дронови нападна и тешко оштети руски нафтен танкер во Средоземно Море

Украина во Средоземно Море нападна со дронови и сериозно оштети танкер за извоз на руска нафта, пишува британскиот весник Телеграф.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украинската безбедносна служба (СБУ) објави снимка од нападот на украински дронови врз танкерот Кендил под знамето на Оман, на 2.000 километри од Украина, предизвикувајќи критични оштетувања.

Според податоците од онлајн платформата за следење на бродови Весел фајндер, танкерот последен пат се вакотвил во Суец на 16 декември и плови од индиското пристаниште Сик кон западното руско пристаниште Уст Луга во Ленинградската област.

Потоа стигнал до локација директно северно од Бенгази, од каде што се вратил назад.

Според податоците на Весел фајндер, дестинацијата на танкерот е Порт Саид на северниот брег на Египет, каде што требало да пристигне на 21 декември.

Бруто тонажата на бродот е 115.300 тони, долг е 249 метри, широк 44 метри, изграден е во 2006 година и е под санкции на Европската Унија и Велика Британија, пишува Телеграф.

СБУ ја објави информацијата за нападот за време на специјалната годишна прес-конференција на рускиот претседател Владимир Путин, кој го коментираше нападот кога беше прашан од новинарите.

„Тие (нападите врз руските танкери) никогаш нема да доведат до очекуваниот резултат, нема да го нарушат снабдувањето и, на крајот на краиштата, само ќе создадат дополнителна закана. Одговорот на нашата земја ќе следи. Секогаш ќе има одговор од наша страна“, кажа Путин.

На крајот на минатиот месец, украинските поморски беспилотни летала од типот „Морско бебе“ погодија два руски танкери за нафта – Керос и Вират, во близина на турскиот брег на Црно Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ