недела, 13 јули 2025

Украина се закани со јакнење на нападите на воени цели длабоко во Русија

Врховниот командант на оружените сили на Украина, генерал-потполковник Олександр Сирски, најави засилување на нападите врз воени цели длабоко во Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Украина nа 1 јуни бомбардираше неколку руски аеродроми, неколку илјади километри од границата, откако прошверцувала експлозивни дронови во Русија.

Киев тогаш изјави дека нападот, во кој беа уништени десетици авиони, е одмазда против руските воздухопловни сили бидејќи тие напаѓаат градови во Украина речиси секој ден.

Сирски им рече на новинарите дека ваквите напади ќе продолжат.

„Секако, ќе продолжиме. Ќе го зголемиме обемот и длабочината“ до кои тие одат на руска територија и посочи дека Киев ќе напаѓа само воени цели.

Дипломатските напори за завршување на војната меѓу Русија и Украина која почна во февруари 2022 година се во застој. Последниот состанок на двете страни се одржа пред речиси три недели, а следниот не е најавен.

Киев тврди дека Москва го саботира мировниот договор со цел да заземе повеќе украинска територија.

Вооружениот конфликт, најинтензивниот во Европа од Втората светска војна, трае повеќе од три години со десетици илјади мртви од двете страни.

Украинските власти денес објавија дека еден човек е убиен во руските воздушни напади во Херсон на југ, а според нов извештај, четири лица се убиени во напад претходната ноќ во Краматорск, на истокот.

Руските сили напредуваат наспроти сè помалите и помалку опремените украински сили.

Генерал-потполковник Сирски призна дека Москва има предности во производството и војувањето со беспилотни летала.

Украинската армија презеде неколку офанзиви против Русија од инвазијата во 2022 година, а во август 2024 година, во рускиот пограничен регион Курск, зазеде стотици квадратни километри, кои ги држеше до пролетта оваа година.

Сирски кажа дека Украина сè уште држи 90 квадратни километри во регионот, што Русија го негира.

Додека Русија го напаѓа соседниот украински Сумски регион, Сирски кажа дека неговата армија ги „запрела“ тие операции.

Москва окупира околу една петтина од територијата на Украина и анектираше четири нејзини региони, покрај Кримскиот полуостров, кој го припои во 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ